Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Од:

Григор Димитров покажа дека е во исклучителна форма со пласманот во финалето на Мастерсот во Индијан Велс.

унгарскиот тенисер беше подобар од петтиот во светот Германецот Александар Зверев со 6:4, 6:7 (4), 6:4 и сега му претстои дуел со Јаник Синер за титулата.

По поразот на Германецот, Димитров обезбеди најмалку деветто место на светската ранг листа и враќање во Топ 10 по 260 недели.

„Сега водам некои од моите битки. Ја трчам мојата трка. Сето тоа доаѓа по трудот што го вложивме како тим. Јас сум на друг пат во животот, кариерата. Има многу што е направено, ивма многу работа, многу остави зад себе. И јас се уште верувам во себе. Ова финале е само шлаг на тортата“, вели Димитров.

Свесен е што го чека во финалето со Синер.

“Јасно е дека тој е најдобриот играч во светот во моментов. Тој игра вонсериски тенис. Сега морам да играм со него. Ми се допаѓаат вакви натпревари, сакам да се тестирам. Тоа е финале , еден од оние натпревари кога треба да се сконцентрирам на мојата страна од мрежата. Тој покажа за што е способен, но и јас. Лесно може да биде многу интересен натпревар“, заврши Димитров.

Би можело да ве интересира

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата

Сензација во Шангај: „Летечкиот Џордан“ го исчисти Алкараз

ВИДЕО: Инцидент во Шангај – Димитров нападна навивач

Медведев беше пред елиминација – пресврт по три часа борба