Вучиќ: Советениците на Меркел бараат воздржаност од Србија

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека советниците на германската канцеларка Ангела Меркел, Јан Хекер и Матијас Литенбер во синоќешниот разговор со него недвосмислено посочиле дека бараат од властите во Приштина да ги укине таксите за српските производи, а од Србија очекуваат воздржаност.

– Ние не се доближивме до договор, бидејќи не преговараат Германците со нив, туку ние, а такви преговори нема, изјави Вучиќ за РТС.

Што се однесува до таксите, тој не верува дека наскоро ќе дојде до нивно укинување, но во април очекува нови потези и обиди на ЕУ да се раздвижат работите на терен.

– Оние кои ги воведоа таксите сметаат дека имаат голема внатрешна политичка поддршка. Платформата што ја донесоа е толку лоша и јас ги информирав соговорниците од Германија со ставот на Србија, дека не гледам начин тоа да се смени во иднина, објасни Вучиќ.

Вучиќ потсети дека платформата на Приштина е придружена со правни акти и има обврзувачка сила.

Запрашан зошто Белград нема усвоено платформа за преговорите со Приштина, Вучиќ одговори дека тоа на секој разумен човек му е јасно.

– Да планираме платформа слична на Приштинската, во која би рекле дека нема разговори за ништо – од територијалниот интегритет на Србија, до тоа да поставиме трибун за Албанците кои силуваа српски жени, тогаш е јасно дека работите на тоа никогаш да не се дојде до договор, нагласи Вучиќ.

Во изјава пак за ТВ Прва, Вучиќ истакна дека не знае за што би ги информирал пратениците во српскиот Парламент во врска со дијалогот меѓу Белград и Приштина и додаде дека многумина пратеници не ги интересираат државните интереси.

Тој оцени дека проблемот не може да се реши така што Србија ќе ја признае независноста на Косово во рамките на сегашните граници и дека тоа нема да се случи.

– Тоа е невозможно, потенцира Вучиќ.

Според него, Белград не гледа што би можело да биде алтернатива на преговорите, иако не може да се каже дека двете страни се поблиску до договор.

– Која е алтернативата за преговорите? Дали сакате да војуваме? Ако и војуваме, повторно ќе дојдеме до тоа да почнеме да преговараме. Која е идејата?, праша Вучиќ.

Тој ги опиша медиумските наводи за размена на територии како „глупости” и „пусти желби на Албанците, што ги измислила и пласирала Приштина преку своите лобисти“.

Запрашан дали смета дека САД се подготвени да го поддржат решението кое би подразбирало поделба на Косово, Вучиќ рече дека никогаш од американските официјални лица не слушнал оти Вашингтон ја поддржува поделбата.

Би можело да ве интересира

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

300 милиони луѓе го гледаа интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија

Горан Наумовски

Вучиќ положи цвеќе во „Рибникар“: „Оваа трагедија остави неизбришлива лузна на душата на цела земја“

А1он