Вархеји: Осумстотини милиони евра помош за Западен Балкан и Турција од ЕУ

Од:

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, денеска изјави дека Европската Комисија пренасочува 3,8 милијарди евра фондови за Западен Балкан и соседите на истокот и на југот на ЕУ за помош во борбата против коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова е дел од стратегијата на Европската Унија за глобален одговор на пандемијата најавена вчера од страна на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа вчера порача дека е исклучително важно Европската Унија да биде подготвена да им помогне на третите земји во оваа борба, посебно африканскиот континент.

– Како дел од нашиот глобален одговор на пандемијата со коронавирусот, пренасочуваме над 3,8 милијарди евра од планираните фондови за Западниот Балкан и нашите непосредни соседи на истокот и на југот, таму каде што им се вистинските потреби денес: итен одговор на здравствената криза, за зајакнување на здравствените системи и ублажување на социоекономските последици од пандемијата, делиме континент и можеме да успееме само заедно, рече Вархеји.

Пакетот „Тим Европа“ има за цел да им помогне на сите глобални партнери на ЕУ ширум светот преку земјите членки но и финансиските институции на ЕУ, посебно Европската инвестициска банка, и Европската банка за реконструкција и развој.

Првите пакети „Тим Европа“ веќе се применуваат на Западен Балкан, соопшти ЕК.

– Европската Унија ќе продолжи да го прилагодува својот одговор како што ќе се развива состојбата и ќе се фокусира на погодените земји кои имаат потреба од здравствена поддршка како што се земјите во Африка, во соседството, Западниот Балкан, Блискиот Исток и Северна Африка, делови на Азија и Пацификот, Латинска Америка и Карибите, информираат од ЕК.

Најголем фокус ЕУ ќе посвети на најранливите групи како што се бегалците и внатрешно раселените лица.

Вкупниот пакет изнесува 15,6 милијарди евра, од кои 3,25 милијарди се наменети за Африка, 800 милиони евра се за земјите од Западен Балкан и Турција. Земјите од јужното соседство на ЕУ ќе добијат 2,1 милијарда евра, а источните соседи 962 милиони евра.

Азија и Пацификот ќе добијат 1,22 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но Скопје мора да ги почитува компромисите

Горан Наумовски

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“