Словенците прогласија крај на епидемијата, ама мерките и натаму ќе важат

Од:

Состојбата на епидемија во Словенија од Ковид-19, што беше прогласена на 18 октомври лани, за време на вториот бран, веќе нема да се продолжува, изјави денеска Франц Виндишар, државен секретар во Министерството за здравство.

Бидејќи Словенија сѐ уште не е во безбедната „зелена“ зона, според критериумите на Европскиот центар за контрола на болести (ECDC), во сила остануваат заштитните маски во затворен простор, дезинфекцијата на рацете, физичката дистанца и некои други мерки, а присуството на некои групни настани е можно само за вакцинираните, оние кои прележале Ковид-19 или лицата кои ќе обезбедат нов негативен ПЦР тест.

Според последните податоци, во словенечките болници има 122 пациенти, што е најмала бројка од 7 октомври, а владиниот стручен тим ќе продолжи еднаш неделно да ја разгледува епидемиолошката состојба и во зависност од ситуацијата, ќе предлага препораки поврзани со Ковид-19.

-Ги замолувам сите да продолжат да ги следат препораките. Сите мерки остануваат во сила се додека владата не ги укине или не го продолжи нивното траење, рече Виндишар, повикувајќи ги сите граѓани да се вакцинираат, што е најдобар начин да се постигне посакуваната масовна заштита од болеста, додавајќи дека сега има доволно вакцини во земјата.

“Зад нас е една тешка година и половина. Епидемијата нѐ стави пред многу искушенија. Ќе ги надминеме со соработка и солидарност, но сѐ уште не сме блиску до целта”, кажа Виндишар.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он