Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Од:

Со полициска акција стави крај на драмата во Брежице, на истокот на Словенија, каде вооружен маж се забарикадираше во куќа. Како што изјави Аленка Дреник, портпаролката на полицијара од Ново Место, сторителот на инцидентот е уапсен, а во акцијата во која учествувале и припадници на специјалните полициски сили, а нема повредени.

Како што потсетува „24ур“, 62-годишен маж во средата попладне влегол во аптека, ги избркал лицата кои случајно се нашле таму, а потоа излегол на улица и пукал неколку пати во воздух, па отишол во блиската куќа, каде што се забарикадирал.

На местото на настанот пристигнале полициски службеници и преговарачи. Прво се обиделе да стапат во контакт со него по телефон, но тој одбил да разговара. Затоа преку разглас го повикаа да се предаде.

На местото на настанот требало да биде донесен и неговиот син, кој исто така го повикал да се предаде, но и тој одбил.

Во текот на преговорите тој дури двапати пукал кон полицајците кои преговарале заштитени во блиндиран автомобил.

Улиците во близина на куќата каде што тој се забарикадира беа блокирани, а полицијата го повика населението од населбата да остане во своите домови.

Над куќата кружеше полициски дрон, а во околината можеа да се забележат и снајперисти.

На припадниците на специјалната единица и на преговарачите им помогнале и полицајци од Брежице и Нови Место.

Градоначалникот на Брежице, Иван Молан, за агенцијата СТА изјави дека вооружениот маж е поранешен полицаец.

Би можело да ве интересира

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски

Словенија ја призна Палестина

Катерина Ѓуровски

Словенија го одлага признавањето на Палестина