Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Од:

Министерството за надворешни работи на Словенија денеска ја информираше руската амбасада во Љубљана дека еден нејзин дипломат е прогласен за персона нон грата и дека има рок до 28 март да ја напушти Словенија.

Словенечкото Министерство соопшти дека оваа одлука ја донело во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи поради активности кои не се во согласност со неговиот статус на дипломат, пренесува СТА.

Порталот Сиол објави дека станува збор за заменикот воено аташе на руската амбасада, Сергеј Лемешев.

Во април 2022 година Словенија побара од Русија да го намали персоналот во амбасадата во Љубљана на исто толку членови на словенечката амбасада во Москва.

Руската страна ќе одговори на протерувањето на вработената во руската амбасада во Словенија, соопштија од руското Министерство за надворешни работи за РИА Новости.

Би можело да ве интересира

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски

Словенија ја призна Палестина

Катерина Ѓуровски

Словенија го одлага признавањето на Палестина