Фронтменот на легендариот пулски панк бенд КУД „Идиоти“, Бранко Чрнац Тустa почина синоќа, после долга и тешка болест, јави Радио Слободна Европа.
На Туста пред повеќе од една година му беше дијагностициран рак на грлото и градите. Иако неговата состојба во еден момент била подобра, пред неколку месеци нагло се влошила и пејачот го изгуби гласот.
КУД „Идиоти“ на панк сцената на поранешна Југославија дојдоа на почетокот на 80-тите години минатиот век, но првиот албум „Bolivija R’n’R“, го објавија дури во 1987 година. Истата година стануваат познати на широката публика откако се прогласени за најдобар бенд на Младинскиот фестивал во Суботица.
Со песните на српскохрватки и понекогаш на италијански јазик го критикуваа општествениот поредок каде моќните профитираат над работниците, но на концертите кои ги држеа ширум поранешните југословенски земји, пееа и за животот во Пула -маргиналци кои биле дел на секојдневието на тој град.
Во текот на војната меѓу Хрватска и Србија, „Идиоти“ беа критичари на националистичката идеологија која ја водее политичарите, како во Белград, така и во Загреб.