Мицотакис: Нашата цел е да ги ограничиме негативните последици врз туризмот

Од:

Последиците од пандемијата на коронавирусот врз туризмот, перспективите за претстојната сезона, но и плановите за следната година, беа дел од темите за кои грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис разговараше со надлежните министри и претставниците од Здружението на грчките туристички претпријатија, јави дописничката на МИА од Атина.

-Многу добро знаеме дека важно ќе биде влијанието на кризата врз туризмот. Нашата цел за 2020 година е да ги ограничиме, колку е можно, негативните последици, земајќи предвид дека нашиот корисен производ има една специфичност, најголемиот број посетители доаѓаат во Грција во јули, август и септември, рече Мицотакис.

Тој, сепак истакна дека е особено важно што земјата успеала за време на справувањето со здравствената криза, да изгради доверба, за која изрази верување дека „ќе овозможи да формирање на колку е можно подобра стратегија за да се спасиме, она што може да се спаси од овогодинешната сезона, но и да се постават темелите за подобра сезона во 2021 година“.

За време на состанокот, одржан преку видеоконференција, била оценета актуелната ситуација во туризмот и било истакнато дека приоритет на владата е да ги ограничи, колку што е можно, негативните последици и да ги поддржи туристичките бизниси и вработените, но и да се испланираат следните чекори, по завршувањето на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски