Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Од:

Тело на непознат маж е пронајдено во градот Јанина во Грција.

Според првите информации, се сомнева дека е убиен на друго место, по што денес бил преместен на локацијата каде што е пронајден.

Грчките медиуми јавуваат дека мажот имал лисици на левата рака и оружје врзано на другиот крај од полицискиот „алат“. Засега не е познато дали со ова оружје е убиен мажот.

Околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре, додека торзото му било откриено.

Се чини дека на телото има повреди, но засега не се познати повеќе детали.

Процесот на идентификација е во тек.

Надлежните ги прегледуваат камерите во околината, при што се нагласува дека на ова подрачје нема пријавени исчезнувања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца мажи, бебе и девојче загинаа во сообраќајка во Грција

Горан Наумовски

Притвор за осомничените за убиството во Гостивар, мотив било несогласувања и конфликти

Убиство во Гостиварско, застрелан жител на Дебреше

Предраг Петровиќ

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Уапсен уште еден соработник на Хајризи кој му помогнал да избега од затвор

Три лица загинаа во престрелка во Албанија, се трага по напаѓачите

Горан Наумовски