И денеска редици од Македонци во Србија, секој десетти вакциниран во Врање е нашинец

Од:

Во спортската сала во Врање и денеска има голем број луѓе од Македонија за вакцинација, а вакцините се даваат без закажување. Пред спортската сала во Врање поставени се чадори и резервоар за вода. Редици се формираа веднаш по отворањето на главниот вакцинален пункт, а поради гужвата деновиве, бројот на медицински работници во спортската сала е зголемен.

Бесплатната вакцинација за македонските граѓани, кои на пунктовите во Србија се третираат како домашни граѓани, почна на 5 јуни и ќе продолжи во наредниот период, соопштија од Здравствениот центар во Врање. Оттогаш, според нивните податоци, вакцината ја примиле 2.218 граѓани, односно над 3.323 од почетокот на имунизацијата, што претставува повеќе од 10 отсто од вкупната вакцинација во Врање. Вчера, бројот на вакцинирани граѓани од Северна Македонија беше 692 лица.

-Оваа акција ќе продолжи и во наредниот период, истакна директорката на Здравствениот центар во Врање, д-р Љиљана Антиќ. Информира дека најмногу се вакцинираат со вакцините на „Синофарм“, а во помала мера со „Фајзер“.

Покрај Врање, бесплатната вакцинација денеска продолжи и во Ниш. Како што јавија „Нишке вести“, пред салата Чаир има ред на македонски граѓани за вакцинација.

Од Здравствениот центар во Ниш потврдија дека вакцинацијата ќе продолжи и во наредните денови. Повеќето од македонските граѓани се одлучиле да ја примат вакцината на „Фајзер“.

-Секој ден очекуваме меѓу 50 и 100 лица од Македонија. Во моментов, нема гужва и ако се појави поголем интерес за вакцинација, ќе ги засилиме тимовите, изјави Милорад Јеркан, директор на Здравствениот центар во Ниш.

Голем број Македонци се очекуваат за десет дена кога треба да пристигнат за ревакцинација оние што пред три месеци се вакцинираа со вакцината на „Астра зенека“.

-Сите оние кои пред три месеци беа да ја примат Астра/Зенека треба да дојдат од 18 до 21 јуни на ревакцинација. Тоа е акцијата кога Регионалната стопанска комора организираше вакцинирање на македонските бизнисмени. Тогаш очекуваме 5700 луѓе. Никој што ќе дојде од Македонија, нема да биде вратен без вакцина. Важно е само оптоварувањето на здравствените домови во Лесковац, Врање и кај нас, да биде рамномерно, порача директорот на Здравствениот центар во Ниш.

Вчера, Регионалната стопанска комора на Крушевац организираше вакцинирање на 100 вработени од компанијата „Кромберг и Шуберт“ од Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија