Додик: Опасно е Србија да остане неутрална, а РС да се стреми кон НАТО

Од:

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека јавното мислење во РС е против влез во НАТО, како и дека би било опасно Србија да остане неутрална, а РС да се стреми кон членство во НАТО, пренесува Танјуг.

Ентитетскиот претседател истакна дека одлуката за вlез во НАТО треба да ја донесе народот на Република Српска на референдум, но дека сега јавното мислење во земјата е против таква интеграција.

– Тоа е логично, ако се земе во предвид цела низа историски причини. Една од тие причини е тоа што НАТО пред 20 години ги бомбардираше Србите во БиХ, а потоа и Србија, нагласи Додик за рускиот портал „Лента.ру“.

Според Додик би било опасно Србија, која по НАТО бомбардирањето прогласи неутралност, остане неутрална, а РС се стреми кон членство во НАТО. – Уште еден важен детал е тоа што една од главните држави што ја поддржуваат идејата за БиХ во НАТО е Турција, што Србите не ја доживуваат поизтивно. Тоа е лош знак, истакна претседателот на РС.

Ентитетскиот претседател нагласи дека НАТО не е политички неутрална организација и дека во БиХ постои проблем со сложени политички односи во земјата. – Се тоа заедно доведува до тоа јавното мислење во РС да не поддржува интеграција во НАТО, објасни Додик, додавајќи дека тој како политичар треба тоа да го има во предвид.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он