Додик: Не сум против независноста на Косово

Од:

Не сум против независност на Косово, но тоа прашање треба да го реши Белград, а Република Српска ќе ја следи Србија, рече претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Тој во интервју за Дојче веле, направено во октомври, а објавено денес вели дека политиката на Белград за зачувување на територијалниот интегритет е оптоварување за Република Српска, бидејќи досега тие би се одвоиле од Босна и Херцеговина.

На прашање на новинарот тој одговара дека не е против независноста на Косово.

– Ако Белград одлучи така, јас немам ништо против. Но тогаш следува моето прашање: зошто тогаш не може да се одвои РС? Ако постојат права за едни, тогаш мора да постојат права и за други, рече Додик.

Би можело да ве интересира

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Додик: Односите меѓу Бања Лука и Сараево се можеби на најлошо ниво

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево