Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Од:

Три лица се ранети синоќа во 21.15 часот во тепачка во која било употребено огнено оружје во Пеќ.

Тројца ранети се префрлени во болницата во Пеќ, но еден од нив поради сериозноста на повредите е пренесен во Клиничкиот центар во Приштина и се наоѓа во критична состојба.

Во фреквентен дел од градот во населбата Бистрица се случила тепачка при што еден од учесниците употребил огнено оружје.

Косовската полиција побара помош од граѓаните за пронаоѓање на Ментор Гаши (2002), кој е осомничен за обид за убиство, бидејќи неговиот идентитет бил утврден со прегледување на надзорните камери од околните локали.

Станува збор за повратник во извршување на тешки кривични дела, стои во потерницата по која е објавена неговата фотографија.

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Косовските Срби почнаа да се враќаат во државните институции

Во Косово уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница за издржување казна затвор од шест години

Косовската полиција заплени шверцувана стока од Македонија вредна 120.000 евра

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците

Кастрати: Целосен дебакл на Курти