Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Од:

Припадничка на полицијата на Косова, чиј идентитет не е соопштен, денеска е пронајдена мртва во нејзината куќа во Гњилане.

Полицијата соопшти дека починатата имала 46 години и дека нејзиното безживотно тело го пронашла полициска патрола околу 11.45 часот.

Во изјави за Телеграф.рс, Исмет Хасани, портпарол на косовската полиција за регионот Гњилане рече дека полицијата веднаш по пријавата излегла на местото на настанот каде го пронашла безживотното тело на нивната колешка.

Повеќе детали ќе бидат соопштени подоцна по завршување на истрагата која е во тек.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ ги укина визите за Србите од Косово

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Кривична пријава за „предизвикување општа опасност“ против полициски служеник во Струмица

Предраг Петровиќ

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

(ВИДЕО) Во Германија: Полиција влезе во училишна зградата, учениците затворени во училниците

Горан Наумовски

Запалено возило на скопјанец

Предраг Петровиќ