Дачиќ: Албанија поднесе барање за прием на Косово во УНЕСКО

Од:

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Албанија поднела официјално барање до Извршниот совет на УНЕСКО, на седницата во октомври, на дневен ред да го стави и барањето на Косово за членство во таа организација.

Покрај Албанија, барањето го поддржале, како што рече Дачиќ, уште 44 земји членки на УНЕСКО од вкупно 195, но и дека тоа не мора да значи дека барањето ќе биде ставено на дневен ред.

Српскиот министер оцени дека ќе се води тешка битка против приемот на Косово во УНЕСКО. Според неговите зборови, во самиот Извршен совет од 58 членки, на барањето му се придружиле 18, или заедно со Албанија 19 членки.

– Значи ќе се види тешка битка. Ние за таа борба сме подготвени. Мислам дека сите причини се да бидеме против и да се донесе една таква одлука е апсолутно на наша страна, изјави тој за РТС.

Дачиќ потенцираше дека формално-правно Косово нема право да биде членка на УНЕСКО, бидејќи Обединетите нации не дале таков предлог, дополнувајќи дека тие одбиле да го поддржат таквиот предлог на Косово.

– Суштински, Косово не ги исполнува сите предуслови да може да стане членка на УНЕСКО затоа што објектите кои се под светска културна заштита, под заштита на УНЕСКО во Косово, се прогласени дека се во опасност и тоа токму од оние кои сакаат да бидат членови на УНЕСКО, појасни Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка