„Брдо-Бриони“: Лидерите апелираат до ЕУ да се прошири со Западен Балкан

Од:

По завршувањето на Самитот „Брдо-Бриони“, што се одржа денеска во Тирана, лидерите учесници излегоа со заедничка изјава во која се повикува Европската унија да го разгледа своето проширување со Западен Балкан како прашање од геополитичко значење.

Се нагласува, исто така, важноста од проширувањето со Западен Балкан за зајакнување на демократијата, владеењето на правото и заштитата и почитувањето на човековите права во регионот и решавањето на билатералните прашања.

-Ја повикуваме Европската унија да го разгледа своето проширување со Западен Балкан како прашање од геополитичко значење, имајќи предвид дека целосна интеграција на земјите од Западен Балкан во европскиот систем на вредности е исто така важен фактор за целокупната европска стабилност.

Ова не ја исклучува обврската на земјите кандидати да ги применат стандардите утврдени од Европската Унија за земјите кои бараат полноправно членство. Сметаме дека е взаемно важно за мирот, безбедноста и просперитетот на земјите од Западен Балкан и земјите членки на Европската унија, за да се гарантира дека стандардите се почитуваат и процесот на преговори станува пофлексибилен и побрз, стои во заедничката изјава.

Во документот се нагласува забележаниот напредок а посебно се поздравува Преспанскиот договор меѓу Република Северна Македонија и Република Грција.

-Ние го признавме и го прифативме забележаниот напредок досега, што придонесе кон консолидација на демократијата, мирот, безбедноста, стабилноста и зајакнувањето на регионалната соработка. Го поздравивме Преспански договор и заклучивме дека таков пример го отвора патот за зајакнување на европските и евроатлантските врски со регионот на Западен Балкан, се наведува во завршната изјава.

Се додава дека заеднички став е потребата од понатамошно зајакнување на процесите на дијалог и помирување во регионот, засновани на вистината и довербата, како и почитување на сите договори постигнати досега, имајќи го предвид одржувањето на мирот, безбедноста и благосостојбата на сегашните и идните генерации.

Се согласуваме, стои на крајот од текстот, дека Словенија ќе биде следниот гостопримлив домаќин на вонредниот состанок на лидерите на процесот „Брдо-Бриони“, што ќе се одржи на крајот од оваа година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ