Најгледаниот медиумско-музички културен настан „Златна бубамара на популарноста“ и за оваа година е закажан на 21. февруари во Универзална сала.
Манифестацијата која на свој начин го обединува целиот интелектуален, политички, бизнис и културен свет се подготвува во веселата атмосфера во штабот на популарното скопско Радио бубамара.
Оваа година бубамарковци и Ранко Бубамара – во свој препознатлив сатиричен стил истакнуваат дека пред сите ќе даваат отчет за сработеното и дека овогодишното сценарио, кое како и секогаш се чува во најстрога тајност е полно со аплаузи и незаборовни рефрени, за избистрување на мислата, просветлување на духот и облагодорување на душата.
На 21.февруари ќе бидат наградени најпопуларните личности и институции од областа на културата, естрадата, медиумите, маркетнигот и спортот од Македонија и Балканот, а ќе продолжи и традицијата со доделување награда до нејзаслужните опшествено одговорни компании.