Жељко Самарџиќ заврши во болница

Од:

Иако се труди да живее здраво, Жељко Самарџиќ во последно време се изложи на преголеми напори и сонце  и поради тоа заврши во болница.

На популарниот пејач, му се слоши, додека беше на одмор во Котор, па побара помош во локалната болница.

Жељко почувствувал болка во пределот на срцето, пропратена со зуење во ушите, изнемоштеност и трнење на левата рака.

Тој од претходно има проблеми со штитната жлезда.

За да ја потврдат информацијата, новинарите на весникот „Ало“, го побарале Самарџиќ на телефон, но бил недостапен за коментар.

Информацијата ја потврди Лилјана Кривокапиќ, лекарка во которската болница, која изјави дека здравствената состојба на пеjачот не е загрижувачка, иако мора да мирува и да се придржува на лекарските совети.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски