Настапот на српската поп-фолк ѕвезда Жељко Самарџиќ во дискотеката „Хациенда“ во Водици, Хрватска, мина драматично.
После настапот на Жељко, дискотеката е каменувана, во 6 часот наутро во полицијата е пријавен напад.
Непознати сторители, со камења и огнено оружје, ја оштетија фасадата и покривот.
Против непознатите сторители ќе биде поднесена прекршочна пријава.