Едит Пјаф на новото време, вчеравечер ги шармираше скопјани. Концерот на младата, темпераментна, со глас кој неверојатно потсетува на француската шансонерка, ZAZ алијас Изабел Гефрој за момент ги телепортираше нејзините обожаватели на париските улици каде мириса на кафе и кроасан и меѓу врвулиците од луѓе пред Монмартр.
Концертот кој стартуваше со одличната „Лес Пасантс“, финишираше по 2-часовно вокално уживање на публиката и заврши со шпанската „Хисторија де ун амор“.
Изабел во симпатичен македонски со француски призвук постојано се обидуваше да комуницира со публиката.
Прво порача „Можете да играте сите“, за потоа во една реченица да сподели со нејзините обожаватели што е нејзината животна лекција.
„Научив дека за да сакам и да бидам сакана, пред се мора да научам да се сакам себеси“, рече симпатичната Изабел.
Изабел Гефрој, е една од најголемите Youtube ѕезди на денешнината. Од 2006-тата оваа млада дама пее по улиците на Париз и по ноќните кабареа.
Како улична атракција, секогаш сместена на тротоарот близу „Place du Tertre” на Монмартр, таа стана вистинско обележје на Парис. Постојано објавувајки видеа на Youtube од нивните улични настапи, таа и нејзината група со нивната Je Veux (Сакам) станаа вистинска интернет атракција со илјадници преслушувања на интернет.
Нивниот прв албум, каде оваа нумера беше носечка, постигна платиниумски тираж, а ZAZ ја вивна во небото на славните.
Христена Антовска Јованчева