Закажно второто издание на „Тhe Park Festival“ во Гостивар

Од:

Музика од цртани филмови, поп концерти и електронска музика ќе бидат понудени на годинешното издание на „Тhe Park Festival“ во Гостивар кое е закажано за почетокот на септември. Во четирите фестивалски вечери ќе се претстават и млади уметници со ликовни дела и перформанси.

Концептот на фестивалот оваа година претрпе извесни промени на кои во значајна мера влијаеше состојбата со пандемијата

– Изборот на артисти за оваа година во многу зависеше од актуелната состојба со пандемијата. Иако подготовките и преговорите со реномирани имиња започнаа уште минатото лето, бевме принудени да ги откажеме нивните настапи. Во голема мера влијаеше и нашата одлука да бидеме социјално одговорни и да ја поддржиме домашната сцена. Иако претендираме со концептот да бидеме интернационални, годинава поканивме само артисти од Македонија. Водевме сметка да бидат реномирани и со висок квалитет. Сметам дека тоа ниво е биде постигнато, со оглед дека постигнавме договори со значајни имиња, вели Ертон Весели музички директор на фестивалот.

На отворањето на фестивалот во четврток (3 септември) ќе настапи Туна придружувана од нејзиниот бенд. Истата вечер ќе настапи и Шпат Деда. Утредента на (4 септември) ќе настапат членовите на Македонската Филхармонија и Здружението на џез уметници како дел од Magical Orchestra. Тие, под диригентската палка на Џијан Емин ќе изведат теми од познати цртани филмови. На третиот ден (5 септември) концерт ќе одржат „Нокаут“ на кој како специјален гостин е најавен Игор Џамбазов.

За љубителите на електронската музика ќе има посебна вечер во недела на 6 септември на која ќе настапат Јански, Редон Роби, Фикс и Флудер.

За време траењето на фестивалот секоја вечер од 18 до 20 часот во летниот театар на десниот брег на Вардар ќе се организираат настапи преку изложби и перформанси.

Организациски, оваа година се вложени дополнителни напори и средства. Јетон Весели организацискиот директор на фестивалот вели дека биле во интензивен контакт со властите и надлежните институции за да се обезбедат потребните услови и дозволи за одржување на фестивалот.

– Тhe Park Festival 2020 и ова година продолжува со единствена желба и мисија, каде што, преку уметноста на музиката да ја сузбиеме вознемиреноста што ја доживеавме досега. Кај нас постои желба да овозможиме едно мало бегство од реалноста и да ја „нахраниме“ душата со оригинални вредности пренесени преку уметноста на музиката. Тоа е всушност и главната цел на второто издание на The Park. Свесни сме за состојбата во која се наоѓаме и затоа целосно сме подготвени за ова издание да се одржи во согласност со релевантните правила и препораки побарани од надлежните органи. Можеби ќе беше најлесно да се откаже целиот настан, но ако не се обидевме, немаше да дојдат до израз желбата да придонесеме со поддршка на уметноста и артистите, вели Јетон Весели организацискиот директор на фестивалот.

Со оглед на околностите, годинашното издание на фестивалот The Park е предвидено да се одржи повторно во градскиот парк, но има извесни ограничувања. Посетителите ќе мора да бидат седнати на столчиња. Бројот на места е ограничен на 400 и ќе може да присуствува исклучиво со влезници. Тие во продажба се пуштени од 17 август можете да се набават преку веб-страницата mktickets.mk по симболична цена од 200 ден.

Организатор на фестивалот продукцијата ИнБокс Ентертејмнт со финансиска поддршка на Министерството за култура, општина Гостивар и неколку локални компании.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски