За Пол Макартни мислеле дека е уличен свирач

Од:

И покрај светската слава, поранешниот Битлс, Пол Макартни доживеа во Њу Орлеанс „минута анонимност“ кога го замениле за уличен свирач.

Патниците не се возбудиле премногу кога 70-годишниот Макартни се качил на градскиот трамвај, заедно со сопругата Ненси Шевел и техлохранителот. Едноставно не го препознале.

Не реагирале ни кога почнал да ги пее неговите песни. Поголемиот број го игнорирале, мислејќи дека е еден од многубројните локални музичари кои заработуваат свирејќи на улица. Имало и такви кои импресионирани од неговиот настап, фрлале пари.

– Се качи во трамвајот и почна да ги пее песните од Битлси. Во почетокот сите го игнорираа, затоа што во градот има многу улични свирачи, рече еден од патниците на ова интересно возење. – А потоа сфативме кој е тој и бевме во шок.

– Почна да пее заедно со сите патници во трамвајот. Беше тоа едно неповторливо искуство, еден од најубавите денови во мојот живот, рече овој љубител на Битлси.

Макартни и неговата сопруга Ненси дојдоа во Њу Орлеанс заради Супербол, кој се одржа во неделата, како и познатиот карневал Марди гра.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски