За неколку часа новата песна на Лозано „Мајко“ преку сто илјади прегледи

Од:

Минатата година беше негова, а очигледно ништо поразлично нема да биде и оваа 2019!

По „Надеж“, Влатко Лозаноски – Лозано ви ја претставува неговата најнова песна со наслов „Мајко“, која за само неколку часа има преку 100.000 прегледи на Јутјуб.

Станува збор за уште едно емотивно музичко дело во кое учествуваа повеќе, но и едни од најдобрите музичари во нашата земја.

А, нормално како и за претходните, така и за оваа нумера како автори се потпишуваат Лазар и Магдалена Цветковски, додека пак видеоспотот е дело на одличниот Даниел Јовески.

– Ова е песна која ќе допре буквално до секој од публиката. Песна за која сум убеден дека ќе биде една од најслушаните мои дела. Се разбира, како и многу други и „Мајко“ ќе ја слушнеме на 23. ти март – изјави Лозано.

Инаку популарниот пејач веќе на големо се подготвува за неговиот прв и голем солистички концерт закажан за на 23. март во „Вип Арена – Борис Трајковски“ во Скопје каде ќе ги испее неговите најголеми хитови.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски