Џаред Фолоувил потврди дека нивниот нов албум на групата Kings of Leon ќе излезе во септември годинава, а тоа ќе биде нивниот шести студиски албум.
Фолоувил, кој е басист во групата, вели дека е задоволен од она што го снимиле иако неговите очекувања биле поинакви.
„Мислев дека ќе снимиме вистински зрел албум, но одушевен сум колку звучи младешки. Материјалот е како мешавина на „Youth & Young Manhood“ и „Because Of The Times“ – вели тој.