Влезниците за рок фестивалот во Гластонбери продадени се во рок од 100 минути, објавија организаторите во неделата, пренесува BBC.
Обожавателите на рок музиката преку телефон и официјалната интернет страницата на најпознатиот музички фестивал во Велика Британија за споменатиот временски рок ги откупиле сите 135 илјади билети.
На профилот на фестивалот на микроблогот Twitter организаторите им се извинија на „илјадниците” коишто не успеале да дојдат до влезница, бидејќи имало проблеми „поради преголемиот број луѓе”. Електронското издание на магазинот Metro пишува дека страницата на фестивалот била „турната” поради преголемиот број заинтересирани.
Секој заинтересиран можел да резервира максимално осум влезници, секоја по цена од по 205 фунти плус надомест за резервација.
Евентуално вратените влезници ќе се продаваат во април 2013 година.
Според традицијата, главните ѕвезди на фестивалот не се објавени пред продажбата на влезниците. На претходното издание, тоа беа британските бендови U2 и Coldplay.