Познатиот пејач Владо Георгиев на својот Твитер профил објави дека е сингл. Шармантниот Црногорец, кој неколку години беше во врска со Ирена Маркет, повторно е соло.
Ирена и Владо се запознаа кога таа започна да работи како негов ПР менаџер, со време се зближија и започнаа врска која траеше со години, иако постојано прекинуваа и се смируваа.