Постојат песни кои ни остануваат „во уво“ и не можеме да ги заборавиме долго време откако ќе ги слушнеме, па затоа често и не ги сакаме.
Но, има нешто посебно по што овие песни се многу препознатливи, а група научници одлучиле да дознаат кои од нив се „најзаразни“.
Во истражувањето, спорведено од страна на Музејот на наука во Велика Британија, учествувале 12.000 луѓе кои по пат на игра пробувале да ја препознаат најбрзо песната која ќе ја слушнат.
Податоците покажуваат дека во просек најбрзо ја препознале песната „Wannabe“, која ја извеудваат „Спајс грлс“. За тоа им било потребно во просек 2,29 секунди.
Ова се останатите песни кои биле исто така лесно препознатливи за испитаниците:
Lou Bega – „Mambo No. 5“
Survivor – „Eye of the Tiger“
Lady Gaga – „Just Dance“
Abba – „SOS“