Канаѓанинот Том Гросет е прогласен за најбрз тапанар во светот.
Според Гинисовата книга на рекорди, 23-годишното момче од Торонто успеа да изведе 1.208 удари со палката во минута и така го постави новиот рекорд на натпреварот за екстремни тапанари, одржан во Нешвил во американската држава Тенеси.
Гросет е само второто лице во светот способно да изведе повеќе од 1.000 удари со палка во минута.
Претходниот рекорд од 1.230 удари со палка го држеше речиси десет години Мајк Мангини, тапанар во хеви метал бендот „Dream Theatar“.
За да го собори рекордот, канадскиот тапанар мораше да изведе 20 удари во секунда. Снимката на неговиот подвиг, која во меѓувреме е поставена на на ЈуТјуб е прегледана над 140.000 пати оваа недела.