Заврши 55-тото доделување на „Греми“ наградите, а најважни признанја добија инди рок бендот FUN за најдобра песна (We Are Young), австралискиот пејач Готје за најдобар спот (Somebody That I Used To Know) и британскиот фолк бенд Mumford & Sons за албум (Babel). Манифестацијата се одржа во Лос Анџелес, а домаќин беше раперот LL Cool J. Млади и помалку познати музичати триумфираа над ветераните и ѕвездите.
The Black Keys и Den Auerbah освоија четири „Греми“ награди. Нивниот албум „El Camino“ е рок албум на годината, нивната песна „Lonely Boy“ е најдобра рок песна и рок перформанс, а Den Auerbah е прогласен за најдобар некласичен продуцент.
Освен за албум на годината Mumford & Sons добија награда и за најдобар долг спот.
„Не знаевме дека ќе победиме, така што не напишавме нешто“, рече главниот пејач Маркус Мамфорд. На новинарите зад сцена тој им рекол: „Се помирвме што мината година беше Адел, а оваа година Black Keys“.
FUN се прогласени за најдобри нови уметници и нивниот хит„We Are Young“ е песна на годината.
„Не знам зошто напишав таков рефрен. Сите имаат HD телевизори и можат да видат дека не сме баш млади. Со ова се бавиме веќе 12 години.“ вели пејачот Нејт Рус.
Готје, кој зема „Греми“ за спот на годината, алтернативен албум и за поп дуо изведба, изјави дека е изненаден од популарноста на песната „Somebody That U Used To Know“, снимена во татковата штала во Австралија.
„Нема да ми смета ако немам една песна со ваков успех… Имам напишано можеби и подобри песни и се надевам дека во иднина ќе напишам нешто уште подобро“ вели Готје.
Адел годинава освои само една награда за најдобро соло поп изведба, а покрај неа и бројни друи уметници земаа по една награда во некоја од 81 категорија.
Шоуто го отвори Тејлор Свифт, а настапија и Ед Ширан, Елтон Џон, Џастин Тимбрлејк и Алиша Кис, а Стинг, Бруно Марс и Ријана одадоа почит на Боб Марли.