Објавен е новиот сингл на јужнокорејскиот рапер Пси, наречен Gentleman.
Иако се смета за наследник на светскиот виртуелен хит Gangam Style, новата песна значително се разликува од претходната, но Пси го задржал својот препознатлив електронски бит.
Корејскиот музичар претходно изјави дека песната долго време ја доработувал, а Gentleman својата премиера ќе ја има утре, на стадион во Сеул. Фановите кои ќе дојдат на тој концерт, Пси ги замоли да дојдат облечени во бело, а им претстави и делови од кореографијата.
Не е познато дали во новата песна ќе ги има и чекорите во стил на јавање коњ, но корејската мегаѕвезда откри дека спотот за новата песна веќе е снимен.
За потсетување, големиот хит на Пси „Gangam Style“, урна многу рекорди, а на ЈуТјуб е прегледан повеќе од 1,5 милијарди пати.