Настапот на 20-годишниот Денис Барта од Сараево, кој на хрватскиот Суперталент ја отпеа „Опрости ми папе“ од Оливер Драгојевиќ, ги освои срцата и на жирито, но и на целата хрватска публика.
Се работи за момче од Италија, инаку родено слепо, кој во детството пеел и со славниот оперски пејач Андреја Бочели, за што и добил пофалби од великанот, кој пак, и самиот го има изгубено видот, па често ги посетувал децата со сетилна попреченост. Денис има и аутизам, а страда и од епилептични напади. Свирењето клавијатури и музиката му помага да се изрази себеси.
– Ти си едно поинакво битие од сите нас, на едно пораскошно и подуховно ниво, прокоментира Мартина Томчиќ, една од членките на жирито, која не можеше да си ги задржи солзите по неговиот настап.