Слаткаристика синоќа го промовираше својот нов видео запис за песната „Добро да е”.
На поинаков начин, во опуштена атмосфера со друштво и пиво, Слаткаристика ги покани сите што го очекуваа овој спот да мусе придружат на муабет преку линк и заедно во живо да го погледнат новиот спот „Добро да е”.
Еден час пред ТВ промоцијата, Слаткаристика муабетеше, се забавуваше и одговараше на сите прашања од оние што го пратат, за потоа заедно да го изгледаат новото видео и на неговиот Јутјуб канал. На крај, пивата горе и сите си посакаа – За „Добро да е”.
Видеото е позитивен микс од локации и ликови кои во 4-минутна визуелна порака ја реализираше тимот на Томато продукција.