ВИДЕО: Саша Барон Коен упаѓа на крајнодесничарски собир во САД

Од:

Познатиот британски комичар Саша Барон Коен упадна на собир на крајни десничари во Вашингтон, маскиран, и отпеа расистичка песна за Барак Обама, Хилари Клинтон, Ентони Фаучи, Бил Гејтс и Светската здравствена организација, со цел да ги исмее организаторите на настанот.

Собирот на американско-канадската десничарска група што себе се нарекува „Триотстотници“ (Three Percenters), се одржа во паркот „Херитиџ“ завчера во Вашингтон, САД. Беше насловен како „Марш за нашите права 3“, и на него учествуваа околу 500 приврзаници.

Коен се појави маскиран и се претстави како лидер на политичка организација што сака да го спонзорира митингот. Тој со себе зеде и приватно обезбедување, што ги спречи организаторите на собирот да го исфрлат од сцената, но и да не му го исклучат микрофонот кога ќе почне да пее.

Во песната комичарот вели дека противниците на организацијата треба да бидат заразени со коронавирус, но и дека Светската здравствена организација треба да биде „скратена“ како што „тоа го прават Саудијците“.

Организацијата „Триотстотници“ е парамилитантна група основана 2008 година, во пресрет на изборот на Барак Обама како прв афроамериканец-претседател на САД. Американските власти ја означуваат групата како антивладина организација.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска