Боб Сагет починал од повреда на главата

Од:

Американскиот актер и комичар Боб Сагет починал од повреда на главата за која наводно не верувал дека е опасна, соопшти неговото семејство.

Сагет беше пронајден мртов во неговата хотелска соба на 9 јануари во Орландо, Флорида, еден ден по настап на комичарот во близина на Џексонвил.

„Властите заклучија дека Боб починал од повреда на главата“, соопшти неговото семејство.

„Констатирано е дека случајно се удрил во задниот дел од главата, мислел дека не е ништо опасно и отишол да спие“, се вели во соопштението.

Инспекторите претходно негираа дека Сагет умрел од дрога или злосторство и веруваа дека се работи за срцев или мозочен удар.

Погребот на ѕвездата од Фул Хаус се одржа на 14 јануари во Лос Анџелес.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се соблече најпосакуваниот актер на Холивуд – голиот задник во танга во преден план

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Новиот хорор филм неиздржлив за сите-излегуваат од кино салите

Предраг Петровиќ

Почина актерот Ричард Белзер

Ана Ололовска

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Почина актерката Кирсти Ели

Ана Ололовска