Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Од:

Актерот Били Портер, добитник на Еми, откри дека морал да ја продаде својата куќа поради тековните штрајкови во Холивуд, и поради тоа го нападна извршниот директор на Дизни, Боб Ајгер.

Портер, познат по улогата во серијата „Поза“, изјави дека ја ставил својата куќа на продажба.

„Затоа што штрајкуваме. И не знам кога ќе се вратиме на работа. Животот на уметникот, додека не заработиш пари – што јас сè уште не сум го направил – сè уште е хонорар по хонорар. Требаше да бидам во нов филм и нова телевизиска серија што ќе започне во септември. Ништо од тоа не се случува“, изјави Портер за порталот.

Портер, исто така, се осврна на извештајот од јули објавен од Deadline, каде анонимен директор на студиото кажал дека студиото ќе дозволи штрајковите да траат додека „членовите на синдикатот не почнат да ги губат своите станови и своите домови“.

„Значи, на лицето кое рече „ќе ги изгладнуваме додека не мора да ги продадат своите станови“, велам дека веќе ме изгладнивте“, рече Портер.

Тој исто така го критикуваше шефот на Дизни, Боб Игер кој смета дека штрајкувачките барања се нереални. Колку за потсетување, Здружението на писатели на Америка штрајкува од мај, Здружението на актерите на екранот штрајкува од јули, без ефект. Двата холивудски синдикати бараат подобри плати во ерата на стриминг и заштита од вештачка интелигенција и се обидуваат да склучат договор со Здружението на продуценти на филмови и телевизија. NBC News објави дека како што продолжуваат штрајковите, холивудските писатели и актери стануваат финансиски напнати. Портер, исто така, го повика Игер во едно интервју.

„Игер привлече критики и внимание откако тој изјави за CNBC дека штрајкот на актерите е „многу вознемирувачки“ и рече дека очекувањата на штрајкувачите се „нереални.“ Слушнавте како Боб Игер вели дека нашите барања за минимална плата се нереални? Додека тој заработува 78.000 долари дневно?” Немам зборови за тоа, но е*и се, изјави Портер за Evening Standard.

Би можело да ве интересира

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики

Бугарија: Земјоделците организираа протест пред зградата на Владата барајќи оставка од ресорниот министер