По дведецениска актерска и пејачка кариера Роуз Мекгоуан го најави својот прв музички албум, под наслов „Planet 9“. Албумот има осум песни.
Ѕвездата на ТВ-серијата „Волшебнички“ и „Куќа на ужасот“ на режисерот Квентин Тарантино, инаку, и досега беше позната како музичарка, авторка обично на песни користени во филмовите каде што глумеше.
– Кога бев мала, си создадов утописки свет во главата и го нареков „Планета 9“, изјави Мекгоуан.
Во пресрет на задутрешното претставување на компилацијата, таа објави и кус видео преглед на материјалот.