ВИДЕО: „Ролинг стоунс“ првпат по осум години објавија песна

Од:

Британската група „Ролинг стоунс“ ја објавија песната „Living In A Ghost Town”, којашто е нивни прв сингл по осум години пауза. Зборовите, притоа, се инспирирани од кризата предизвикана од новиот коронавирус, оти во еден дел се говори за тоа како „животот бил убав пред изолацијата“.

– Мислам дека тоа ќе одекне во времињава коишто ги живееме… Не е напишана за сегашната состојба, туку за тоа како е да се биде на место полно живот, а потоа сѐ се претвора во ова, каде сѐ е лишено од живот, изјави Џегер за „Епл мјузик“.

Џегер пее и за тоа како тој се чувствува како дух во градот на духовите… Во описот се вели дека првично песната е снимена пред околу една година во Лос Анџелес, но е завршена при годинешната изолација.

„Living In A Ghost Town” е прва песна на „Ролинг стоунс“ од 2012 година досега. Нивни последни песни беа „Doom and Gloom” и „One More Shot”.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски