Познатиот латино пејач Рики Мартин објави нова песна и видео кои ќе ги воодушеви неговите фанови.
Како што навикнавме од Рики, песната е со весел ритам за танц, а кадрите за спотот снимени на базен и плажа со многу убави жени.
Во песната „Vente Pa’Ca“ гостува и колумбискиот уметник Малума.
Режисер на видеото е славниот Џеси Тереро.
Песната оригинално е снимена на англиски јазик и веќе се врти по радио станиците.
Рики Мартин моментно се наоѓа на десетта турнеја „One Wold Tour“.