Канте со својата маркатност на сцената и неговите композиции ја зголеми популарноста на африканската музика во светот.
Неговиот најголем хит “Yeke yeke” кој беше издаден во далечната 1987 година е продаден во неколку милиони примероци и се искачи на врвот на повеќе музички топ листи во светот.
„Канте боледуваше од неколку хронични заболувања и често одеше во Франција на лекување, но тоа сега беше невозможно поради коронавирусот“, рече неговиот син и додаде дека неговата здравствена состојба се влошила во последните неколку дена.