ВИДЕО: По две и кусур децении нова песна на „Ласт експедишн“

Од:

„Браво дечки! Интелигентно и со срце!“, „Супер актуелно, а задржан вашиот звук!“, „Фантастично! Живели, и уште, ајде уште!!!“, се само некои од коментарите за новата песна на „Ласт експедишн“.

Со „Хеј хо“ македонскиот алтернативен рок бенд се враќа на сцената по цели 22 години.

Бендот претходно ја најави на својата фејсбук страница и го промовира видео записот. Музика и текстот се на фронтменот Енис Хаџиќ-Енко, а аранжманот го потпишува „Ласт експедишн“. Снимањето, миксот и мастерот се на Мите Димовски.

-Одлично авторско враќање на „Ласт експедишн“. Ви велам секојдневно, а со секој следен ден се повеќе сум убеден…..оваа година ќе биде големо враќање на Македонскиот Рокенрол“, пишуваат некои од познавачите на домашната рок сцена.

„Ласт експедишн“ (Димитар Петров – тапани, Енко – бас, Сеад Хаџиќ – Сецко – гитара и Идриз Амети – вокал) се формираа во 1985 година. Нивната прва песна „Маршпира пропаста“ е објавена во 1990 година.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски