ВИДЕО: Ова е новиот летен хит на Лозано за 2018 година

Од:

„Јако, Јако“ е најновиот летен хит во интерпретација на Влатко Лозаноски – Лозано. Како на повеќето песни во неговата кариера, така и на оваа како автори се потпишуваат Лазар и Магдалена Цветковски, тандемот кој веќе неколку години наназад ја креираат поп-сцената во Македонија.

За новата песна Лозано сними и видеоспот во далечниот Кушадаси, а како режисер на истиот се потпишува веќе докажаниот Даниел Јовески. Покрај Влатко во спотот се појавува и преубавата кумановка Мартија Ѓеоргиевска.

– Веќе ги имам првите реакции за песната и спотот и морам да признаам дека ме радуваат, особено позитивно сум изненаден од коментарите на социјалните мрежи од луѓе од балакнските земји. Секојдневно добивам позитивни пораки од Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска и многу други земји – вели познатиот пејач.

Инаку и оваа песна ќе се најде на најновиот албум на Лозано кој носи наслов „Десет“, а ќе биде промовиран за многу брзо време.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски