Опра Винфри стана сопственичка на луксузен ранч во Монтесито, Калифорнија, објави „Today“. За имотот славната водителка плати 6 милиони и 85 илјади долари.
Имотот е изграден во 1919 година, а детално реновиран во 2016-та и се наоѓа на околу 4 хектари бујна зелена површина.
Внатрешноста е исполнета со платформи со дрвени греди, подови од тврдо дрво и дури пет канина. Просторот е максимално осветлен, поради големиот број прозори и француски врати.
Покрај трите спални соби во куќата постои и издвоена куќа за пријатели, семејство или гости кои би доаѓале повремено.
Имотот вклучува и базен, коњички објект со штала, овоштарник со цитруси и градина со пеперутки.
„Кралицата на медиумите“, Опра во Монтесито веќе има вила вредна неверојатни 90 милиони долари, што се простира дури на 23 илјади квадратни метри.