Јапонскиот комичар Пико Таро се снимал како танцува за ананас молив, а снимката неодамна стана вирална и засега има над пет милиони прегледи на Јутјуб, јави Си-Ен-Ен.
Иако видеото е поставено на 25 август, дури неодамна го привлече вниманието на јавноста. Во Јапонија песната стана многу популарна, а фановите веќе изработија неколку верзии.
Голем број тинејџери се снимаат како танцуваат на најновиот музички хит.
Пико Тарo е псевдоним на јапонскиот комичар, познат и како Ди Џеј Косака Даимаоу или Казухико Косака. Тој ова видео го објави на својот Твитер на 23 септември, со зборовите „Да танцуваме со Пико Тарo“.