ВИДЕО: Нов албум на Софија Манева

Од:

„Тишина“ е насловот на новиот албум на младата поп пеачка Софија Манева со кој таа се враќа на македонската музичка сцена.

Манева „Тишина“ го доживува како посебен албум. Според неа, во музиката, текстот и аранжманот се препознава оригиналност која ќе ја почувствуваат слушателите, додека ја слушаат, бидејќи е автентична за овие простори. Денеска се пуштени и две нумери од албумот – „Тишина“ и „Чудовиште“.

Инспирација за песната „Тишина“, од истоимениот албум Софија, како што вели, нашла во состојбата на нашата сцена и повикува на колективно будење против колективното труење со турбо фолк.

– Поголем дел од изведувачите на македонската забавна  музика, обидувајќи се да им угодат на некои уредници или сопственици на електронски и пишани медиуму за да се најдат на нив, ја занемарија оригиналноста, почнаа да се однесуваат, да не кажам, како “шизофреничари“ – денес се Ријани, а утре Преслави, друг ден Аца Лукаси, па Сакис Руваси, па Карлеуши и што ли уште не, вели Манева.

Покрај овие две нумери, албумот ќе донесе уште шест различни теми кои се снимени во домашното студио на Манева.

Софија Манева на македонската публика и стана позната по хитот „Љубов или нешто друго“, кој го издаде во 2008 година. Популарност стекна и кога пред неколку години јавно ја нападна вулгарноста на раперите со песната „Лигав тип“. Видео записот за оваа песна всушност претставуваше промотивно видео за правата на жените.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски