ВИДЕО: Необична песна и уште понеобичен видеоспот на Наташа Малинкова

Од:

Помнаа само неколку недели откако познатата пејачка Наташа Малинкова ја објави својата последна песна – „Што ли да направам“, тема со која учествуваше на овогодишниот „Макфест“ во Штип.

Но, ако некој вредно работи и создава квалитетна македонска музика во последниве години, тоа е токму Малинкова.

Наташа денеска ја промовира својата најнова песна со наслов – „Биди со мене“ на која како автор се потпишува веќе добро познатиот Столе Аврамов.

За разлика од претходната тема, ова е нешто сосема поразлично и можеби помалку неочекувано од познатата пејачка, но таа ќе каже:

– Искуството низ годините и ноќните настапи ни се единствениот репер за тоа што би сакала публиката да слуша. Мешање на стилови од ретро, до песни со модерни аранжмани… Сакавме во период кога ни претстојат убави празници, во моменти кога сме опкружени со луѓето што ги сакаме и не сакаат, да им подариме една убава поп – латино тема во која мислам дека секој еден може да се пронајде – вели Наташа.

Инаку за оваа нова песна Малинкова сними и интересен видеоспот, на кој како режисер се потпишува Владислав Гавриловски.

– Тоа е една спонтана приказна за тоа како изгледа едно наше деноноќие. Работата во студио, дел од нашите ноќни настапи, нашите најмили и пријателите. Овојпат честа ја имав статисти во спотот да се појават моите драги колеги и пријатели – Даниел Данн и Марко Марк,а девојката во видеото ни е гостинка од Мелбурн, која случајно и со задоволство прифати да биде дел од ова, за неа прво искуство – завршува пејачката.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски