Скршена и разочарана од љубовта, познатата пејачка Наташа Малинкова ја објави својата најнова тема која носи наслов „Ако грев е што те сакам“. Се разбира, Наташа не е ниту скршена, а уште помалку разочарана од љубовта, туку станува збор за љубовна приказна во која ќе се пронајдат многу нејзини обожаватели.
И на оваа најнова песна на Малинкова се потпишува нејзиниот долгогодишен колега и соработник, Столе Аврамов.
– Љубовна, модерна балада во која ги дадов сите мои емоции. И токму поради тоа мислам дека ќе си го пронајде патот до публиката. Секој од нас барем еднаш во животот бил скршен и повреден. Е, токму тие ќе уживаат во оваа песна – изајви Малинкова.
Инаку Наташа и за оваа песна сними видеоспот, но овој пат со момците од „Веста продукција“.