На настапот во казиното „Планет Холивуд“ во Лас Вегас, Џенифер Лопез носеше тесен костим, па кога таа му се препушти на ритамот на музиката, костимот пукна.
Сексипилната 46-годишна пејачка сепак го продолжи настапот и професионално го заврши до крај.
Несреќната случка, за жал, го „улови“ една камера, па социјалните мрежи набрзо беа преплавени со видеото од настанот.
Ова не е прв ваква несреќна случка на славната пејачка. Во текот на настапот во германската емисија „Wetten Dass“ во 2011 година, Џеј Ло не носеше градник, а во еден момент градите и „излегоа“ пред публиката во студиото и пред малите екрани.
Следната година таа несакајќи на публиката и ги покажа брадавиците во лондонската „О2 Арена“, па веројатно тоа што сега го покажа и задникот воопшто не ја загрижува.