Колекционерската куќа „Gotta Have It!“ од Њујорк заработи тужба, затоа што ја стави на аукција наградата Греми што во 1966 година ја доби Џон Ленон за песната „Michelle“.
Кога некој пејач ќе освои Греми, најпрестижната награда во светот, Академијата што ги доделува признанијата бара од лауреатот да потпише дека наградата нема да ја продава. Кршењето на таа обврска и дава на Академијата право да ја одземе наградата.
Токму тоа може да се случи со Греми наградата на Џон Ленон за песната „Michelle“.
Почетна цена на наградата на аукцијата е 40.000 долари, но се уште не се појавил заинтересиран купувач.
Академијата ја обвини колекционерската куќа и неименуваниот сопственик на наградата Греми на Ленон за измама, лажен оглас, нелојална конкуренција и грубо мешање во договорите за меѓусебниот однос.