ВИДЕО: Меган Маркл се расплака на доделување на модни награди во Лондон

Од:

Присуството на војвотката од Сасекс на доделувањето на модни награди во Лондон ги изненади сите. Таа можеби е член на кралското семејство, но поранешната актерка не може да им одолее на црвените килими.

37-годишната Меган Маркл се појави на доделување на наградите The Fashion Awards 2018 како гостинка која не беше најавена и беше изненадување за сите. На настанот се појави поради дизајнерката во модната куќа „Живанши“, Клер Вајт Келер, која ѝ ја дизнајнираше венчаницата за нејзината свадба со принцот Хари.

Меган ѝ ја врачи наградата на Клер за најдобра дизајнерка на годината и се расплака поради нејзиниот говор.

Ова беше прв јавен настап на Меган откако е во поодмината бременост. Странските медиуми пишуваат дека Меган повторно го прекршила кралскиот протокол затоа што носела темен лак, што кралицата строго забранува. Среќната вест дека Меган е бремена, кралското семејство ја објави на 16 октомври.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска