Никој не може да најде замерк на вокалните способности на славната Мараја Кери, но кога се работи за нејзиниот карактер или другите сегменти на изведбата, Кери знае да попушти и да се претвори во вистинска дива.
Нејзиното „размазено“ однесување одамна им е добро познато, но овој пат Мараја го покажа и на концертот во Лас Вегас.
Mariah Carey is the worst RT @Halocarterr: Me doing the absolute bare minimum at work today #monday pic.twitter.com/Ogkz2R1lzM
— JrW (@Javoris) July 19, 2017
Твитер „гори“ од коментарите на сметка на нејзниата исклучително забавена изведба. Кери полека се лулаше, танчерите ја носеа, ја движеа и на крај и го подадоа микрофонот. Многумина се прашуваа што се случува со Кери, а некои и прашаа кој воопшто плаќа да гледа таков настап.